Утрински Весник
Македонија

Доградба на три училници за наставата на ученици со пречки во развојот во ОУ „Лирија“ во Тетово

Доградба на три училници за наставата на ученици со пречки во развојот во ОУ „Лирија“ во Тетово

Тетово, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Советот на општина Тетово на денешната 21-ва седница донесе одлука за прифаќање донација со цел да се доградат училници за наставата за ученици со пречки во развојот. Две училници и една помошна просторија ќе се градат во основното училиште „Лирија“.

– Донацијата е од компанијата Еколог и е со вредност од 85 илјади евра. Наменета е за градба на три простории во ОУ Лирија. Очекуваме во текот на летните месеци сите процедури како и изградбата да бидат завршени со цел просториите да може да се користат на почетокот на новата учебна година, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на општина Тетово.

Советниците донесоа одлука за утврдување на потреба од измена на урбанистичко планска документација, заради усогласување на намените на земјиштето и трасите на сообраќајната инфраструктура за 11 катарски парцели во рамки на општина Тетово. Исто така беше донесе одлука за проширување на урабнистичка планска документација со цел вклопување на бесправно изграден објект во Шипковица и три во градот Тетово. ас/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Владата ја ограничи маржата на млечните производи