Утрински Весник
Македонија

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Дискусија на отворено „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – Мултимедијален настан и панел дискусија на отворено на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ организира денеска Здружението на граѓани „Цивил“ во Градскиот парк во Скопје.

На дискусијата, како што најавуваат организаторите, ќе говорат професорките Мирјана Најчевска и Јасна Бачовска и активистката Мерита Максути од „Еко Герила“.

Пред дискусијата ќе бидат прикажани видео прилози и презентации за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество.

Настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од Националниот фонд за демократија. аа/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк