Утрински Весник
Македонија

Дискусија за Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот

Дискусија за Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – Завршна јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници.

На јавната дискусија најавено се воведни обраќања на заменик – претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и програмската директорка во Фондацијата Отворено Општество – Македонија, Сунчица Костовска.

Нацрт-текстот на стратегијата ќе го презентира претседателот на координативното тело за изготвување на националната стратегија и национален координатор за развој на културата и меѓуресорската соработка, Роберт Алаѓозовски. рп/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата