Утрински Весник
Македонија

Димовски: Заев е во тотален хаос, а со тоа ја турка и државата во калта во која самиот се валка

Димовски: Заев е во тотален хаос, а со тоа ја турка и државата во калта во која самиот се валка

Скопје, 27 јуни 2019

Дозволете хронолошки да ги разјасниме сите апсурди во кои западна Заев во едно деноноќие.

Зоран Заев е во тотален хаос, а со тоа ја турка и државата во калта во која самиот се валка.

Прво кажува – Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција.

Согласно член 44 став 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, во чие изготвување учествуваше и оваа влада и кој беше изгласан во Собранието пред само неколку месеци е децидно дека двете функции премиер и министер се неспоиви.

Требаше време Заев да се соочи со нормативите.

После еден ден Заев се пишмани и се соочи со фактите кој го менуваат ставот па даде налог до неговиот кабинет да пушти предлог за повлекување на кандидатурата на Зоран Заев за министер за финансии. Ова е уште една класична епизода од психолошкиот трилер на кој сме сведоци Зоран против Заев.

Повлекувањето сепак не го направи оти е чесен, туку затоа што беше фатен во кршење на законот и наиде на силна осуда од јавноста и од самите експерти.

Ова да не е трагично би било навистина премногу смешно. Премиерот Заев кој е опкружен со стотина советници, со министерката за правда, Рената Дескоска која е професор во областа на уставното право и политичките системи си игра како дете бивам-небивам министер за финансии.

Но, Заев не застанува тука, туку продолжува да бара модус операнди во негов стил, па во Собранието потоа кажува дека сепак ќе раководи со министерството за финансии до избор на нов министер. И овој негов обид да се добере до сите овластувања во секторот финансии и над 10 други институции кои потпаѓаат под овој сектор, е повторно незаконски.

Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“