Утрински Весник
Македонија

Димовски: Барав од владејачкото мнозинство побрзо почнување на процедурата за избор на членови на советите на МРТВ и АВМУ

Димовски: Барав од владејачкото мнозинство побрзо почнување на процедурата за избор на членови на советите на МРТВ и АВМУ

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој воедно е и претседател на собраниската Комисија за избори и иманувања, денеска ги демантираше тврдењата на Костадин Костадинов од СДСМ дека го блокира избороте на членови на советите на МРТ и АВМУ.

– Во предходните два месеца сум остварил контакти и комуникација со повеќе лица од повеќе пратенички групи во Собранието во насока да стимулирам што е можно побрзо започнување на процедурата за избор на членови на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ,  со замолница до политичките партии во Парламентот да започнат дијалог кој што ќе значи минимални услови за успешност на процедурата. За возврат, не постои никаков контакт и никаква желба за дијалог од владејачкото мнозинство во Собранието, рече Димовски.

Пратеникот вели дека ако опозицијата имала намера да кочи тоа ќе го правела уште во фаза на носење на законот, кој е донесен со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, новата постапка која е предвидена во Законот за овие две тела предвидува двотретинско мнозинство во Комисијата, значи, од 13 членови со право на глас, девет треба да гласаат „за“ за сите поединечни предлози, а кога ќе дојде на пленарна седница треба двотретинско мнозинство и бадентерово мнозинство. Значи постапката е исклучително комплицирана и е сосема различна од сите постапки досега, укажа Димовски.

Според него, односот на СДСМ, како кон оваа процедура, така и кон се во државата, како што кажа, „е се уште на ниво на еуфоријата на почетокот на нивниот мандат кога мислеа, а за жал сеуште мислат, дека се сопственици на Собранието и дека се сопственици на државата“.

– Како претседател на Комисијата за прашања за изборите и именувањата морам да се движам во согласност со процедурите и законите  и да обезбедам успешна работа на Комисијата. Доколку досега ја започнев процедурата за избор на членови на овие две тела сигурен сум дека таа ќе завршеше неуспешно, па ќе требаше да влеземе во нови постапки за објавување нови конкурси  и дополнително одолговлекување на постапките за избор на членови на овие две тела, рече Димовски.

Апелираше до СДСМ на дијалог, за кој, како што рече, има впечаток дека го нема ниту помеѓу коалициските партнери во Собранието во однос на ова прашање.ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот