Утрински Весник
Бизнис

Димковски: Првични проценки за невремето во Преспа по десетина дена

Комисии ќе вршат проценка на штетата по невремето во Преспа

Скопје, 15 јули 2019 (/) – За десетина дена се очекува да бидат сублимирани проценките од штетите што ги предизвика минатонеделното невреме во Преспа и да бидат доставени до владината комисија, а земјоделците ќе бидат обесштетени, рече денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со АД „Макпетрол“ за „зелената нафта“, Димковски информира дека комисиите интензивно работат на терен и по нивен предлог, Владата е подготвена да интервенира.

-Нема да се проценуваат само приносите, туку и основните средства, зашто се оштетени и голем број стебла. Проценетата штета ќе им биде надоместена на земјоделците. На градоначалникот му беше сугерирано да се направат повеќе комисии покрај постојната за да се забрза постапката. За десетина дена би се сублимирале првично проценетите штети кои од Советот на локалната самоуправа би се усвоиле и би се доставиле до владината комисија, нагласи Димковски.

Тој рече дека веднаш утредента, по невремето, кога со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја посетија Преспа, и самите биле сведоци колку е страотна сликата во однос на штетите во овоштарството, но предизвикани се и други материјални штети. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата ја ограничи маржата на млечните производи

Битиќи: Реформите кои ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца

НРБМ: Отвореното банкарство ќе донесе придобивки за граѓаните и компаниите