Утрински Весник
Македонија

Димитров: Прашањето за статусот на СЈО да се затвори за 100-процентна шанса за датум во октомври

Димитров: Не знам која е пријателската земја посредник, но се покажа дека системот ни е подразбуден

Скопје, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – За да нема ниту една земја која ќе си дозволи да не биде дел од овој консензус за доделување на датумот за преговори многу е важно да се работи на правдата и да се обезбеди иднина на СЈО како тело со општ мандат да гони висока корупција, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу.

-Македонскиот случај годинава во контекст на ЕУ е многу убедлив и сме земја од каде доаѓа добрата приказна. Доколку ЕУ не го препознае и пресвртот дома со сите наши мани и грешки, а ЕУ тоа не го валоризира, препознавајќи го успехот и почнувајќи пристапни преговори со нас многу тешко ќе може да се зборува за европската перспектива не само за нас туку за целиот регион. За да го направиме ова уште поневозможно да нема ниту една земја која ќе си дозволи да не биде дел од овој консензус многу е важно да се работи на правдата без разлика од каде доаѓа огрешувањето кон законот. Многу е важно да се обезбеди телото кое што продуцираше резултати – СЈО, да се обезбеди дека таа експертиза и резултат ќе има иднина која нема да се однесува само на прислушуваните раговори туку ќе има општ мандат да се гони висока корупција. Тоа е пред се важно за нашето општетство, меѓутоа  на неколку земји членки им е исклучително важно, рече Димитров на новинарско прашање.

Според него, за да не се пропушти можноста, независно од политичко-партиските разлики мора да наједме сила и начин ова прашање да се затвори за да имаме 100-процентна шанса за датум во октомври.

-Ова не е агенда на една партија, ова е агенда на целиот народ и на сите граѓани кои 86 отсто поддржуваат европска иднина на државата што е повеќе од сите партии заедно, вели Димитров.

Запрашан во врска со пораките на францускиот претседател Емануел Макрон упатени од тековната посета во Србија во однос на евроинтеграциите, Димитров кажа дека во неговите формулации видел дека била истакната потребата од ватрешна кохезија и реформи во ЕУ и дека може да се одвива паралелно со проширувањето.

-Мислам дека ова е важна и позитивна порака. Тоа не смее да не опушти, меѓутоа како да има едно отварање во таа смисла, а факт е дека двата процеса се многу важни. Наша е да работиме ова да го направиме многу убедливо за да успееме во октомври, вели Димитров. вг/са/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“