Утрински Весник
Македонија

Димитров на состанок на Организацијата за црноморска  економска  соработка во Софија

Димитров во Берлин на дебата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името“

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Mинистерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на покана на шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, денеска во Софија,  ќе  учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата.

Се очекува, како што соопштија од МНР, на состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.

Министерот Димитров е предвидено да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска  економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка, стои во соопштението. вг/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните