Утрински Весник
Македонија

Димитров на министерски состанок на ЦЕИ во Трст

Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Скопје, 12 јуни 2019 (/) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Трст.

Италија е претседавач и домаќин на министерскиот состанок во годината во која ЦЕИ одбележува 30 години од своето постоење. На состанокот се очекува министрите за надворешни работи да разменат мислења околу актуелните случувања, предизвици и идни активности на ЦЕИ во регионот и натамошната соработка на земјите.

Централноевропската иницијатива ја сочинуваат седумнаесет држави од Централна и Југоисточна Европа, а нејзината цел, како меѓувладина платформа за консултации на високо ниво, е да ја поддржи европската интеграција на земјите членки и регионалната соработка како меѓу земјите така и во рамките на ЦЕИ со ЕУ.

На маргините на состанокот се предвидени и средби на министерот Димитров со неколку свои колеги. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонската армија е во Турција: Секој момент е драгоцен

130 сообраќајни прекршоци во Скопје, 11 без возачка дозвола

Без струја повеќе делови на Скопје