Утрински Весник
Македонија

Димитров и Поповски на Меѓународната конференција за слобода на медиумите во Лондон

Димитров во Берлин на дебата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името“

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, утре и задутре ќе престојуваат во работна посета на Лондон.

Димитров и Поповски ќе учествуваат на дводневната Меѓународна конференција за слобода на медиумите што првпат во ко-организација на Обединетото Кралство и Канада годинава се одржува во Лондон, а следната година ќе се одржи во Канада.

Шефот на делегацијата, Димитров, утре ќе биде дел од панелот „Слободата на медиумите во Западниот Балкан и нови начини на работа“. Вториот ден од Конференцијата ќе зборува на панел-дискусијата „Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“. Ќе учествува и на пленарните сесии, како и на работната вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот, министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.

Министерот Поповски, пак, ќе има обраќање во рамки на националните изјави, а ќе учествува и на тркалезната маса „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 – одржување на влијанието“. бт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата