Утрински Весник
Македонија

Димитров и Поповски на Конференција за слобода на медиумите во Лондон

Димитров и Поповски на Конференција за слобода на медиумите во Лондон

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на Лондон.

Министрите Димитров и Поповски ќе учествуваат на дводневната Меѓународна конференција за слобода на медиумите, којашто за прв пат во ко-организација на Обединетото Кралство и Канада годинава се одржува во Лондон, а следната година ќе се одржи во Канада.

Шефот на делегацијата, Димитров денеска ќе биде дел од панелот „Слободата на медиумите во Западниот Балкан и нови начини на работа“, а утре ќе говори на панел-дискусијата „Што можат да сторат Владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“.

Димитров ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и ко-организаторот на Конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристиа Фриланд.

Министерот Поповски ќе се обрати во рамките на националните изјави, а ќе учествува и на тркалезна маса: „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 – одржување на влијанието“. бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8