Утрински Весник
Македонија

Димитров во Познањ на конференција на високо ниво за Западен Балкан 

Димитров во Познањ на конференција на високо ниво за Западен Балкан 

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник)  Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе учествува на шестата конференција на високо ниво за Западен Балкан (Самит) во Познањ под покровителство на полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Конференцијата се организира во рамки на полското претседавање со „Берлинскиот процес“ кој во 2014 година беше инициран од германската канцеларка Ангела Меркел.

Како што соопшти МНР, во рамки на програмата на министрите за надворешни работи предвидени се дискусии поврзани со регионалната соработка и улогата на цивилното општество, евроинтегративната перспектива на земјите од регионот на Западен Балкан,  а ќе се разговара и за понатамошниот развој на самиот Берлински процес во наредниот период.

Покрај пленарните сесии и билатералните средби со министрите за надворешни работи од другите земји, министерот Никола Димитров ќе учествува и на панел дискусии во рамки на Форумот на граѓанско општество, што е дел од програмата на Самитот.

Агендата на Самитот на Берлински процес е заснована на политичката и економската димензија. Главни области на соработка се транспортното и енергетското поврзување на регионот, економска интеграција, бизнис секторот,  соработката меѓу младите, третманот на билатералните и други отворени политички прашања од минатото на регионот, но и глобални безбедносни и миграциски предизвици. Оваа година посебен фокус и се дава и на улогата на цивилното општество. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце