Утрински Весник
Спорт

Де Роси е подготвен да се откаже од фудбалот

Де Роси по 18 години ја напушта Рома

Рим, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Даниеле де Роси одлучи да се откаже од фудбалот, тврди „Ил Темпо“.
Поранешниот капитен на Рома не доби нов договор од „волците“, што донесе големо разочарување кај фановите на тимот.

Играчот, кој ќе наполни 36 години овој месец, ја помина целата своја кариера на „Олимпико“.

Интерес кон него пројавуваат Сампдорија, Фиорентина, Милан, Болоња, клубови од САД и Бока Јуниорс. Де Роси сепак нема желба да се пресели со своето семејство и бил подготвен да се збогува со професионалниот фудбал.

Пред него е можноста да влезе во тренерскиот штаб на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око