Утрински Весник
Спорт

Де Роси ги одбил Милан и Фиорентина

Де Роси се збогуваше со Ромa, чекa понуди

Рим, 19 јуни 2019 (/) – Поранешниот играч од средниот ред на Рома, Даниеле де Роси, ги одбил понудите од Милан и Фиорентина, соопшти „Спортиталија“.

Двата клуба се заинтересирани за услугите на 35-годишниот играч кој моментално е слободен агент. Но, тој им рекол дека нема да разгледува понуди од тимови од Серија „А“ поради неговата длабока почит кон „волците“.

Де Роси сега е на одмор и ќе одлучи за својата иднина откако ќе заврши.

Бока Јуниорс и ФК Лос Анџелес направија предлози до поранешниот италијански репрезентативец, но не е исклучено тој да ја заврши кариерата.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето