Утрински Весник
Спорт

Дешан потврди дека Менди оди во Реал Мадрид

Дешан потврди дека Менди оди во Реал Мадрид

Мадрид, 10 јуни 2019 (/) – Селекторот на светскиот шампион Франција, Дидие Дешан,го најави трансферот на Ферланд Менди во Реал Мадрид.

– Менди има офанзивни способности и се гледа неговиот голем напредок. Само пред две години играше во Лига 2, а сега оди во Реал Мадрид. Ги користи двете нозе. Тој отсекогаш бил многу ефикасен кога играл за Франција, изјави Дешан на денешната прес-конференција.

Дефанзивецот на Лион ќе ги чини „белите“ 48 милиони евра плус бонуси. Пред неколку дена, шпанските медиуми објавија дека играчот не успеал да ги помине медицинските тестови и дека неговиот трансфер бил неуспешен.

– Дали трансфер прозорецот пречи на перформансите на одреден играч со националниот дрес? Можно е, кога се случуваат непредвидени работи, како што се случи со Менди – да се појави Реал, рече Дешан.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Катерина Милевска под менторство на селекторот на САД, нашиот Влатко Андоновски, дел од врвна програма на ФИФА

Супер-компјутерот на СБК: Бразил ќе биде светски првак

Смит Роу опериран, се враќа во декември