Утрински Весник
Македонија

Детски хор од Велес освои второ место на Интернационален фестивал во Турција

Детски хор од Велес освои второ место на Интернационален фестивал во Турција

Велес, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Детскиот хор „Св Кирил и Метoдиј“ под раководство на професорката Веселинка Маџарова освои второ место  во конкуренција на 44 хорови од 11 земји, на петтиот Интернационален фестивал за хорска музика во Чанаккале, Република Турција, а кој се одржа од 2 до 7 јули.

Младите хористи денеска ги прими и им честита за успехот градоначалникот Аце Коцевски.

-Вие сте на врвот и ви посакувам уште многу успеси да бидете горди на постигнатото, бидејќи сте вистински амбасадори на културата на градот и земјава и затоа ние како општина и понатаму ќе ве поддржуваме, истакна Коцевски.

Професорката Веселинка Маџарова искажа благодарност до градоначалникот и Општина Велес за поддршката и, како што рече, се надева дека ќе продолжи и понатаму.

-Ова е голем успех за нас, градот и земјата. Да се успее во така силна конкуренција, за нас е мотив да продолжиме со уште поуспешна работа, потенцира Маџарова.
 
Таа рече дека успехот е уште поголем, бидејќи имало и предселекција за учество, која тие успешно ја поминале.
Фестивалот освен натпреварувачки, има и ревијален карактер.

Детскиот хор  „Св. Кирил и Методиј” во текот на летниот период има планирано повеќе  активности и настапи.

Минатиот месец хорот имаше целовечерен концерт во  Домот на култура „Марко Цепенков” во Прилеп, под покровителство на Министерството за култура. ад/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град