Утрински Весник
Македонија

Дескоска учествува на Кранс Монтана Форумот во Швајцарија

Дескоска: На вистински пат сме за решавање на законот за СЈО

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Министерката за правда Рената Дескоска учествува на јубилејното 30-то издание на Кранс Монтана Форумот што се одржува во Женева, Швајцарија на тема „Дали мирот, развојот и стабилноста стануваат сон?“.

Како што соопштија денеска од Министерството за правда, Дескоска ќе се обрати на сесијата посветена на иницијативата за источно-медитеранската соработка, за која оваа година исто така се одбележува 30 годишнината.

Во рамки на истата сесија, најавено е и обраќање и од поранешниот претседател на Република Албанија, Сали Бериша.

Целта на Кранс Монтана Форумот е да ја зајакне меѓународната соработка преку промоција на добри практики на меѓународна соработка и градење на постојан дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучни актери и носители на одлуки.

Кранс Монтана Форумот е невладина меѓународна организација која е основана во 1986 година, и мисијата на оваа организација е да изгради подобар свет, чие мото гласи „кон похуман свет”.

На форумот, посочуваат во соопштението од Министерството за правда, учествувал и поранешниот претседател на Република Македониј, Киро Глигоров. цр/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали