Утрински Весник
Македонија

Дератизација и дезинсекција до крајот на месецот во Делчево

Дератизација и дезинсекција до крајот на месецот во Делчево

Делчево, 26 јуни 2019 (/) – До крајот на овој месец во Делчево ќе биде извршена дератизација на градската канализација и канализацијата во селата Разловци, Тработивиште и Град. Како што информираше Кире Цоневски од Општина Делчево, активностите се дел од програмата за заштита на населението од заразни болести и други заболувања.
– Согласно планираните активности што се предвидени во Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања, изготвена од ЈЗУ „Центар за јавно здравје”, Општина Делчево ги известува граѓаните, дека до крајот на јуни ќе биде извршена дератизација на градската канализација и канализацијата во селата Разловци, Тработивиште и Град. Активностите ќе се реализираат во согласност со Програмата за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево, истакна Цоневски.
Воедно информира дека, според планираните обрски кои произлегуваат од напред споменатите програми, веднаш штом ќе дозволат временските услови, ќе се отпочне со теристичка дезинсекција, прскање против комарци, на територијата на општина Делчево.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Делчево, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат

Нуркачи и кучиња трагачи се вклучени во потрагата по момчето кое исчезна во Вардар