Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

8 јуни 2019 

 

Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата, зголемување на одговорноста на власта и демонтажа на триесет годишниот “еднопартиски систем”, неопходни се системски промени, меѓу кои и изборниот модел.

Демократскиот сојуз е за пропорционален изборен модел, Македонија да биде една изборна единица и за отворени листи.

Анализата што ја подготви ДС покажува дека само со една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, а во носењето на круцијалните одлуки за државата и граѓаните ќе партиципираат повеќе политички субјекти.

ДС ја подржува иницијативата на претседателот Стево Пендаровски за отворање на расправа за изборниот модел, но засега “големите” партии не се расположени да создадат услови за еднакви изборни шанси за сите и губење на нивната монополска положба.

Ги повикуваме СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја подржат иницијативата за промени во изборниот модел.

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ