Утрински Весник
Македонија

Демант од ДУИ

Демант од ДУИ

Скопје, 11 јуни 2019

Во продолжение ви препраќаме изјава на Организацискиот Секретар на ДУИ, Артан Груби, во однос на неточната вест за разрешување на претседателите на ограноците.

“На актуелните претседатели на ограноците на ДУИ, мандатот им истече уште минатата година, и како што ја информоравме јавноста, на состанокот на претседателството и Централниот Совет пред претседателските избори, се формираше работна група одговорна за одржување на собранието на форумот на младите и на жените, регистрацијата на членството, одржувањето на изборите при локалните подограници и ограноците како и организација на изборниот конгрес на ДУИ.

Го избравме новото претседателство на форумот на младите и на жените на масовни и спектакуларни собранија, ја завршивме регистрацијата на членството и следен чекор е организирање на внатрешнопартиските избори.

Затоа, на вчерашниот состанок на претседателството се одредија одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок. По овој Изборен процес следува организирањето на изборниот конгрес на ДУИ.

Ниту еден претседател на огранок не е разрешен, туку се објавени внатрепартиските избори во согласност со партискиот статут.

ДУИ е партија компактибилна со времето и околностите, па затоа секогаш имала прилив на нови лица во партијата, истовремено заддржувајќи го основачкиот столб непокорен и стабилен.”

ДУИ

___________________________________________________________
/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом