Утрински Весник
Македонија

Дел од Преспанските села и вечерва без струја

Дел од Преспанските села и вечерва без струја

Ресен, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Преспанските села Љубојно, Брајчино и Наколец попладнево добија електрична енергија, додека уште не е отстранет проблемот во селата Штрбово и Долно Дупени, поради непристапност на теренот.

Се очекува во текот на утрешниот ден екипите на ЕВН да ги вклучат во електричната мрежа и овие села од Долна Преспа.

Поради силното невреме што синоќа зафати дел од Преспа во кое имаше искршени и откорнати електрични столбови, без електрична енергија останаа речиси цела општина Ресен. сс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран