Утрински Весник
Македонија

Делчевското здружение на пензионери со ново раководство

Делчевското здружение на пензионери со ново раководство

Делчево, 26 јуни 2019 (/) – По пауза од десет години, жена пензионер повторно ја доби довербата да раководи со здружението на старосни, семејни и инвалидски пензионери во Делчево. Голубинка Анастасовска, која доаѓа на местото на поранешниот претседател Моне Ѓорѓиевски, вели дека главен фокус на нејзината работа во моментот е измената на статутот на здружението, активност за која постапката е во финална фаза.

– Имаме вкупно 14 ограноци кои го сочинуваат и собранието на здружение на старосни, семејни и инвалидски пензионери. Спроведовме постапка за измена и дополнуавње на статутот на здружението. Имаше неколку одредби кои не беа во согласност со Законот за здружение и фондации, па ние спроведовме таква одлука за измена на стаутот и веќе сме во финалната фаза. Организиравме јавни дебати на оваа тема по ограноците и стигнавме до донесување на одлука за измена на статутот, деновиве треба да се одржи собранието и да ја донесе таа одлука, вели Анастасовска.

Делчевското здружение од пред извесно време располага и со нов клуб на пензионери, место каде тие најчесто ги минуваат своите пензионерски денови.

-Условите во клубот се одлични, играме билјард, шах, карти, домино, се дружиме секојдневно, имаме услуга со топли и ладни пијалоци и верувам дека ова е едно од најубавите пензионерски катчиња во источна Македонија, вели пензионерот Миле Костадиновски.

Здружението на старосни, семејни и инвалидски пензионери брои околу 3600 пензионери, од кои над 2000 се пензионери од Делчево, додека останатите се од останатите населени места. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом