Утрински Весник
Македонија

Делчевските играорци ќе настапат на Меѓународниот фолклорен фестивал во Турција

Делчевските играорци ќе настапат на Меѓународниот фолклорен фестивал во Турција

Делчево, 1 јули 2019 (/) – Делчевските играорци од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ заминаа за Турција, каде неделава ќе настапат на Меѓународниот фолклорен фестивал, што се одржува во градот „Јалова“. Овој настап, како што информираше кореографот Зенил Реџепов, е прв од многубројните настапи кои во неколку балкански земји, друштвото ќе ги има летово.
-Членовите на културно-уметничкото друштво веќе пристигнаа во Турција, каде ги очекува настап на традиционалниот фестивал во Јалова. По враќањето од Турција, летната турнеја ја продолжуваме во градот Бургас во Бугарија, каде од средината до крајот на месец јули, по единаесетти пат ќе учествуваме на фестивалот „Летни празници“. Таму ќе бидеме дел од проектот за лидерство спроведен од здружението „Атанас Манчев“. На „Летните празници“ во Бургас ќе настапиме со фолклорот препознатлив за пијанечкиот крај, како и со вокални исполнители на стари необработени изворни песни, информира Реџепов.
Додава дека по овие гостувања, во август членовите на КУД „Гоце Делчев“, ќе настапат на летната сцена „Јагодина“ во Србија, на Меѓународен фестивал на кој играорците од Делчево се редовни учесници.
По летната турнеја од КУД „Гоце Делчев“ ќе се фокусираат на организацијата на големата манифестaција Пијанечко-малешевската свадба, како и Интернационалницот фестивал „Делчево фест 2019“, фестивал кој по 43 пат ќе се одржи во Делчево. Сите активности, како што дополни Реџепов, годинава се реализираат во знак на одбележување 45 годишното постоење на КУД „Гоце Делчев“, играорна група која е една од најреномираните македонски претставници на фолклорните фестивали во земјава и странство. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните