Утрински Весник
Македонија

Делови од Чаир, Кисела Вода и две скопски села утре без струја

Без струја утре од Карпош и бензинската во село Чојле

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Корисниците од улиците „Ордан Чопела“, „Аврам Писевски“, „Менделеева“ и дел од улицата „1664“ во Општина Чаир утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат и корисниците со парни броеви од улицата „Зеленгора“ во населбата Пржино, а од 9:30 до 13:30 часот корисниците од улицата „Иван Козаров“ со броевите 43 и 45, во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од село Чајлане, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од село Волково и тоа од подулиците „20“, „22“ и „84“ во населбата Црквиште.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“