• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јануари 24, 2021
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник
Не се пронајдени резултати
View All Result

Делегација од Општина Берово на размена на добри практики и искуства во Белгија

03-Дек-2019 16:01
во Македонија
Делегација од Општина Берово на размена на добри практики и искуства во Белгија

Берово, 3 декември 2019 (МИА) – Делегација од Општина Берово учествува на 4.Меѓународна конференција што во рамки на програмата „Европа за граѓаните“, која во организација на Европската асоцијација за локална демократија „Алда“ се одржува во Белгија.

На конференцијата, како што информираат од Општина Берово, учествуваат претставници од осум европски држави, кои низ различни интерактивни активности, разменуваат искуства за културното наследство, паметни културни села, важноста на социјалните иновации за целите на културното наследство.

– Во рамки на активностите главна цел е да се согледаат различните стратегии преку различен пристап во стратешкото планирање на европско и локално ниво и да се искористат добрите практики од Европа, во делот развој на руралниот туризам, соопштија од Општината.

Настанот е збогатен со учество на претставници од седум партнерски организации од Шпанија, Хрватска, Бугарија, Белгија, Португалија и Латвија, додека Општина Берово и земјава ја претставува градоначалникот Звонко Пекевски.

– Низ презентации, различни интерактивни активности, панел дискусии, имавме прилика да размениме искуства меѓу државите за предизвиците во туризмот во Европа и европското културно богатство, како и да работиме на воспоставување на партнерска соработка меѓу европските држави, истакна Пекевски.

Активностит,е како што додаде, се реализираат во период од две години како дел од „EUSave“ мрежата и имаат за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот, за што средства се обезбедени од COSME програмата на ЕУ.

Следна меѓународна конференција каде што Општина Берово ќе учествува ќе се реализира во март следната година во Португалија. вс/мс/

Извор: mia.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2020 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2020 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: