Утрински Весник
Македонија

Делегација од Дојран во посета на збратимената општина Медулин во Хрватска

Делегација од Дојран во посета на збратимената општина Медулин во Хрватска

Гевгелија, 14 јуни 2019 (/) – Седумгодишната збратименост, соработка и размена на искуства меѓу општините Дојран и Медулин, резултираше деновиве со посета на дојранска делегација на Хрватска, предводена од градоначалникот Анго Ангов, по повод прославата на денот на општината Медулин.

Во рамки на посетата Ангов се сретна со градоначалникот на Медулин, Горан Буиќ. Тој се заблагодарил на топлиот прием и на својот домакин му подари плакета со грбот на општина Дојран која ќе ги потсетува домаќините на досегашната заедничка соработка.

– Ни претставува задоволство да соработуваме со таква општина од која можеме да понесеме искуства од различни области во кои општина Медулин успеала да достигне висок степен на развиеност, изјави Ангов.

Медулин со околу 6.500 жители се наоѓа јужно од полуостровот Истра. Излегува на море и токму туризмот е споната на соработка со општина Дојран и традиционалните вредности на дојранскиот туризам. им/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните