Утрински Весник
Магазин

Дедо по грешка им подарил торта со марихуана на медицински сестри

Дедо по грешка им подарил торта со марихуана на медицински сестри

Лондон, 9 јули 2019 (/) – Повозрасен човек од гратчето Ворингтон во Англија, им се заблагодарил на медицинските сестри во локалната болница, така што им однел торта со марихуана.

Британецот, сепак, не бил свесен дека внатре има опијат. Се работело за дел од тортата од 18. роденден на неговиот внук, со која старецот сакал да ги почести болничарите.

Вработените, за среќа, навреме забележале дека тортата мириса „необично”, па повикале полиција и така марихуаната била откриена.

Болницата во официјалното соопштение наведува дека пациентот што го донел подарокот, не знаел оти во тортата има марихуана, и дека само еден болничар изел мало парче, што сепак, немало штетни последици.

Полицијата ги потврди овие наводи, додавајќи дека „тортата е уништена”, а случајот затворен. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сталоне паузира од снимање за да биде со ќерката Софија

Џорџ и Амал Клуни ја прославија годишнината од бракот

На Шакира ќе ѝ се суди во Шпанија за затајување данок