Утрински Весник
Македонија

 „Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак најдобра претстава на фестивал во Србија

 „Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак најдобра претстава на фестивал во Србија

Битола, 1 јули 2019 (/) –  „Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак, композитор и режисер од Битола, е прогласена за најдобра претстава на меѓународниот фестивал „Виминациум фест –  стари и нови митови“ кој синоќа заврши на археолошкиот локалитет Виминациум во Србија.

Наградата едногласно ја додели стручно жири, според кои претставата е најдобра на годинашниот фестивал, а авторот Неќак презентирал софистицирани уметнички средства и силна музичко-драмска композиција за потресна, но истовремено и нежна претстава.

 „Девојчето со жиците“ е современа драмска опера, копродукциски проект на Подвижен музички театар (Moving Music Theatre) од Битола и Словенско народно гледалишче од Љубљана. Во претставата  настапија словенечките актери Барбара Церар и Урош Фурст. мт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран