Утрински Весник
Македонија

Деветмина од приведените утринава добија 30-дневен притвор

Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка во однос на десетте лица кои денеска беа спроведени во Судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинител и на М.Ј., А.Ј., Е.Р., М.Ј., Д.Д., В.С., Д.М., и Л.С., им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а на Б.Д. и С.К., им определи мерки за претпазливост, соопштија од Основниот кривичен суд.

Судот смета дека се исполнети условите од  член 165 став 1, точка 1 и 2 задел од обвинетите и точка 1, 2 и 3 за другиот дел од обвинетите, односно опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да се повтори делото.

Против ова решение странките имаат право на жалба, додаваат од Основниот кривичен суд.

Осомничените се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, а едно лице се сомничи за несовесно работење во службата. Тие со противзаконските дејствија што ги направиле го оштетиле буџетот во износ од 2.647.802 милиони евра. нд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“