Утрински Весник
Македонија

Деветмина млади дел од петтото издание на „Родум од Македонија“

Деветмина млади дел од петтото издание на „Родум од Македонија“

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Деветмина млади од САД, Канада и Австралија со македонско потекло ќе престојуваат во државава во рамки на проектот „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) во чија реализација ќе бидат вклучени Македонскиот центар за меѓународна соработка и Обединетата македонска дијаспора-ОМД.

„Родум од Македонија“ се спроведува петта година и досега им овозможи на 23 млади од дијаспората кои имаат македонско потекло, да престојуваат во земјата на нивните предци и да си ги запознаат корените. Дел од нив вклученоста во овој проект ја нарекоа „неверојатно искуство“ што треба да го има секој млад човек со потекло од држвава.

За време на тринеделниот престој, учесниците ќе имаат пракса комплементарна на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси и ќе живеат кај семејства домаќини. Примарната цел на „Родум од Македонија“ е младите Македонци во светот да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во држвава.

На прес-конференцијата во Скопје по повод почнувањето на овогодишниот проект, освен деветмината млади од САД, Канада и Австралија, ќе присуствува и Питер Далас, член на Советот на ОМД и иницијатор и еден од организаторите на овој проект. вг/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална