Утрински Весник
Македонија

Дебата: Со нова стратегија ќе се откочи процесот на децентрализација на општините

Дебата: Со нова стратегија ќе се откочи процесот на децентрализација на општините

Штип, 7 јуни 2019 (/) – Со нова стратегија ќе се откочи процесот на децентрализација на општините, беше истакнато на денешната трибина посветена на децентрализацијата, на која учествуваа градоначалници и претставници на општините од Источниот, Вардарскиот и Југоисточниот регион, а во организација на УНДП. Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски вели дека Владата веќе размислува главните промени на децентрализацијата да одат во три насоки, начинот на финасирање, подобрување на општинските услуги и поголемо граѓанско учество.

Нашите истражувања одат во три насоки. Дали сегашниот начин на финасирање на општините е добар или можеби треба да се размислува за функционална децентрализација, односно финансирање на функциите, а не на институциите, што постојат во единиците на локална самоуправа. Втората работа се општинските услуги, може ли тука да има подобрување и граѓанското учество. Поголемо учество на граѓаните во менаџирање со општините, вели Павлевски.

Градоначалниците очекуваат процесот да тргне да напред, убедени се дека сами подобро ќе менаџираат со ресурсите на општините и поефикасно ќе ги решаваат проблемите на граѓаните. Клучна според нив е финасиската стабилност  за што бараат и поголем процент од ДДВ и персоналниот данок, а исто така правени се и разговори за децентрализацијата на културните институции, со тоа што театрите да останат под ингеренции на централната власт.

Нашите очекувања од децентрализацијата се зголемување на фондовите, кон општините по разни основи, како што е по основ на ДДВ. За тоа и порано е дискутирано и јас се надевам дека тоа ќе се реши позитивно, зошто така ќе ги оствариме програмските определби како градоначалници, но и ќе ги задоволиме потребите на граѓаните, вели Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица.

 Ние го имаме главниот контакт со граѓаните. Општините мора да си ги зајканат  кадровски своите капацитети, но да зајакнат и финансиски за да го продолжат процесот на децентрализација. Нешто што секако во позитивна смисла  ќе го почувствуваат граѓаните, истакна градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната дебата.  

Павлевски рече дека се со став оти нема да делегираат нови надлежности се додека општините не се подготвени, затоа што дел од нив  не можат да се справат ниту со оние ингеренции што ги имаат. За процесот да продолжи важен чекор во финасиската стабилност на општините  е изработката  на новата формула со која ќе се пресметува висината на блок дотациите што ќе ги добиваат општините, а која се очекува да биде готова во септември. вдј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници