Утрински Весник
Македонија

Дебата за депонијата Русино

Дебата за депонијата Русино

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ соопшти дека утре ќе се одржи дебата на тема „Долгогодишното труење на гостиварчани од ѓубриштето Русино“.

Дебатата е организирана од страна на општината и на неа ќе присуствуваат градоначалникот на општина Гостивар, претставници на Центарот за развој на полошкиот плански регион, претставници од министерство за животна средина и претставници од ЕАЕР СЕКО –Швајцарија.

Дебатата ќе се одржи со почеток во 19 часот во Амфитеатарот на кејот на реката Вардар во Гостивар.

На дебатата, „Стоп Русино“ ќе го објави и датумот на почетокот на десетдневната блокада на Русино.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред Министерството за внатрешни работи

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

Од вторник (17 јуни) во Македонија појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!