Утрински Весник
Македонија

Дводневен состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на ЈИЕ

Дводневен состанок на мрежата на Националните превентивни механизми на ЈИЕ

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Мрежата на Националните превентивни механизми на Југоисточна Европа, чиј претседавач годинава е канцеларијата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ќе одржи состанок.

Состанокот ќе го отворат народниот правобранител Иџет Мемети и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, а учесници ќе бидат претставници од Поткомитетот за превеција од тортура на Обединетите нации (SPT), како и од националните превентивни механизми од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Србија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Настанот финансиски е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“