Утрински Весник
Македонија

Движењето Беса го осуди физичкиот напад врз нивниот советник во Охрид

Движењето Беса го осуди физичкиот напад врз нивниот советник во Охрид

Скопје, 11 јуни 2019

Почитувани претставници на медиумите ,

Почитувани граѓани,

Ја свикавме ова прес конференција за да ве информираме и го осудиме вчерашниот настан, каде што на вандален начин советникот на Движење Беса на општина Охрид, Џемал Мена, беше физички нападнат од советникот на ДУИ истовремено и претседател на огранокот на истата партија.

За да и објасниме на јавноста, едно подолго време советникот на ДУИ од општина Охрид се однесува како локален „шериф„, покажувајќи ја неговата сила на власт, што вчера ескалираше за време на седницата на општинскиот совет на Општина Охрид , каде што на вандален начин, како што им личи само на бандити, го нападнал нашиот советник Џемал Мена.

Причината за овој физички напад бил одбивањето за гласање на точките на мнозинството СДСМ-ДУИ од страна на нашиот советник во општинскиот совет Охрид. За да се објасни точно на јавноста, Движење Беса не е дел од мнозинството на општина Охрид, при што како опозициона партија нема обврска да гласа за се што ќе биде сервирано од страна на мнозинството. Исто така, сведоци сме дека некои од медиумите веќе ја информираа јавноста за проблемот на дивоградбите во Охрид. Според истражувањата на тие медиуми зад тие дивоградби застанува точно советникот на ДУИ во Охрид, затоа денес јавно кажуваме дека гласот на Движење Беса никогаш нема да биде на услуга на урбаната мафија или бандитската политика на ДУИ во Охрид, што со нивниот молк и СДСМ ги подржува.

Бараме од органите на правдата, да заземат конкретни чекори за напаѓачот од ДУИ да ја добие заслужената казна за насилството, како и МВР да гарантира безбедност на граѓаните и нивните претставници за да можат да го изразат слободно нивното мислење.

Апелираме до ДУИ итно да се огради од нивниот советник. Еве како од еден конкретен случај треба да го почнуват таканаречениот партиски “Веттинг”, во спротивно ќе се потврди дека како и во минатото секоја нивна иницијатива е само за политички поени, а не е за подобрувањето на претставувањето на Албанците.

Исто така бараме од СДСМ да се огради од насилството на советникот на ДУИ во Охрид како дел од нивното мнозинство, во спротивно ќе се потврди тоа што многу граѓани се сомневат, дека СДСМ е најголемиот заштитник на коруптирани и криминални структури на ДУИ.

Канцеларија за односи со јавноста – Движење БЕСА

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“