Утрински Весник
Македонија

Движењето Беса бара да биде вклучено во изготвување на законот за СЈО

Движењето Беса го осуди физичкиот напад врз нивниот советник во Охрид

Скопје, 19 јуни 2019

Северна Македонија, за жал, не успеа да добие датум за почеток на преговорите во овој месец, но, исто така, спорен е фактот дека сè уште нема потврда дека во оваа година сигурно ќе го добиеме датум за почеток на преговорите .

Движењето Беса апелира дека во следниот период, Владата и сите други институции да се посветат максимално, и да работат на долго очекуваните реформи, а особено во делот на забелешките од извештајот на Европската комисија.

Судскиот систем во Северна Македонија е нефункционален, крајно партиски и генерално политизиран. Дури и денес, судските постапки во скоро сите судски случаи се решаваат преку партиски компромиси кои имале и имаат влијание врз судството. Ако до 2016 година, имавме судии на “тефтерчиња”, денес имаме судови на партиски коалиции.

Сведоци сме дека германскиот Бундестаг и холандскиот парламент, како и многу амбасадори на земји со големо влијание врз одлучувањето во ЕУ, го условија евентуалниот датум со законот за специјално јавно обвинителство како институција која треба да се бори против криминалот и корупцијата во рамките на институциите направено во минатото така и во иднина. Со други зборови, може да назначиме дека овие важни земји и рекоа на Северна Македонија дека сеуште не рашчистила со криминалот од поранешниот режим, имајки развелукавање на судските маратонски процеси кои останаа без епилог.

За да биде полошо уште повеќе тоа што дел од поранешниот режим денес е дел од оваа влада која дури и не заврши вистинска истрага, особено од доказите што произлегуваат од снимениот материјал.

Затоа, Движењето Беса бара да биде вклучено во изготвувањето на законот за Специјалното јавно обвинителство, предлагајќи да нема рокови за поднесување обвиненија или покренување истраги, како и сите прислушувања поврзани со злоупотреба на службената положба, штета на државниот буџет, да бидат како доказ во сите фази од истрагата, без ограничување.

Било кој друг обид да се ограничи работата на специјалното јавното обвинителство ќе биде доказ дека некој се обидува да го скрие криминалот, а тоа не само што ќе влијае негативно на нашите европски партнери, туку може да биде и едно од клучните прашања за одолжување на приемот на датумот за почеток на преговорите со Европската унија.

Кастриот Реџепи, потпретседател на Движење БЕСА

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза