Утрински Весник
Македонија

Две села во Виничко ќе добијат урбанистички планови

Две села во Виничко ќе добијат урбанистички планови

Виница, 29 јуни 2019 (/) – Локалната самоуправа на Виница почна постапка за изработка на урбанистички планови за поголемите селски населби во општината, а во кои досега немаше такви плански документи.

Трошоците за изработка на плановите главно ќе се покриваат од државниот буџет, при што од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со мерката за обнова и развој на селата обезбедени се над 1,7 милиони денари, а свое кофинансирање од општинскиoт буџет ќе има и локалната самоуправа.

– Веќе е распишана тендерската постапка за избор на геодетска фирма која ќе ги изработи урбанистичките планови за двете села, при што вкупната површина што е предмет на работа изнесува над 62 хектари, од кои 40 се за селото Трсино, а остатокот за селото Лаки. Освен изработката на плановите, давателот на услугата ќе има обврска да изготви ажурирани геодетски подлоги, да изработи стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и ревизија на урбанистичките планови за двете села. Директни корисници на резултатите од овој проект се околу илјада жители кои имаат потреба од поквалитетни услови за живот, но и иселените лица кои сè уште поседуваат свои имоти во овие населени места, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Се очекува постапката за изработка на урбанистичките планови да започне на почетокот на август, а крајниот рок за завршување е една година. Со тоа ќе се создадат законски услови за изградба на нови станбени и деловни објекти во селата, а ќе се овозможи зачувување на животната средина со определување на намената и начинот на користење на просторот во селата. та/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Османи на 29. Министерски состанок на ОБСЕ, Полска

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ