Утрински Весник
Македонија

Две први места за Бошко Стаменковски од турнирот во бенч-прес во Лесковац

Две први места за Бошко Стаменковски од турнирот во бенч-прес во Лесковац

Македонска Каменица, 29 јуни 2019 (/) – По освоеното европско злато во Одеса, Украина, најуспешниот македонски бенчер Бошко Стаменковски со две први места се враќа од Лесковац, Србија каде денес учествуваше на меѓународниот турнир „Србија опен 2019“.

Златните медали Стаменковски ги освои во дисциплината бенчпрес за натпреварувачи до 74 килограми. Стаменковски изјави дека медалите се резултат на добрата форма која тој ја темпирал за последните две натпреварувања.

-Иако по Европското првенство имав кратко време да се приспособам за овој натпревар, сепак решив да се пријавам и не погрешив. Очигледно напорните тренинзи пред Европското првенство беа клучни и на овој натпревар во Лесковац да го освојам посакуваното злато, истакна Стаменковски.
Додаде дека на овој Меѓународен натпревар на кој учествувале најдобрите бенчери од неколку балкански земји бил единствен претставник од Македонија.
Следен предизвик за Стаменковски е Светското првенство во пауерлифтинг кое на почетокот на септември ќе се одржи во Атланта. САД. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициски службеник тешко повреден по пад од мотоцикл

Со фалсификувани дозволи за престој во Украина уапсени двајца турски државјани

Скопска парада на гордоста 2023 на 24 јуни: Гласни и горди!