Утрински Весник
Спорт

Две победи и еден пораз за македонските кошаркарки на турнирот во Скопје

Две победи и еден пораз за македонските кошаркарки на турнирот во Скопје

Скопје, 23 јуни 2019 (/) – Две победи и еден пораз е вкупниот резултат кој го остварија македонските кошаркарски јуниорки на турнирот организиран во Скопје.

Селекцијата до 18 години, која ова лето ќе ги брани боите на Македпонија пред домашната публика на Европското првенство (дивизија Б), тековниот викенд ги нагости соодветните возрасни национални селекции на Турција, Бугарија и на Грција на првите контролни натпревари во рамки на подготвителниот период.

Избраничките на Жаклина Стојановска одиграа на висината на задачата запишувајќи две победи од три одиграни натпревари. На првиот натпревар, кошаркарките го запишаа единствениот пораз, од противничките од Турција (61:101). Следеше триумф против врсничките на Бугарија (74:68), а турнирот го заокружија со триумф над кошаркарките на соседна Грција (81:72).

Јуниорките ќе продолжат со подготовките во Скопје, а ќе одиграат уште два пријателски натпревар – против Косово и против Швајцарија.

Европското првенство за кошаркарки до 18 години, во Б дивизија, ќе започне на 5 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Стаховски во остра „преписка“ со Троицки и Типсаревиќ за нивната посета на Русија

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП