Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени во сообраќајка во Струшко 

Петмина повредени во сообраќајка во Струшко

Струга, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Две лица, од Скопје и од Кумановско се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информациите на полицијата, незгодата се случила вчера околу 15 часот и 50 минути на место викано „Пескавица“ во близина на Струшкото село Франгово.

-М.Д. (35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата, возачот М.Д. и сопатничката Ј.Ќ. (27) од кумановското село Умин дол, се здобиле со повреди, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Струга. сс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии