Утрински Весник
Македонија

Дваесет коњаници ќе јаваат на Илинденскиот марш

Дваесет коњаници ќе јаваат на Илинденскиот марш

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш, што оваа година ќе се одржи по 41.пат, под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје.

Општина Аеродром денеска соопшти дека коњаниците наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар.

Коњаничкиот марш, како и секоја година, ќе почне на 27 јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија