Утрински Весник
Македонија

Данела Арсовска нов почесен конзул на Унгарија

Арсовска: Карго-доставите на нарачки се најголем извор на затајување данок
Dik 300x250 mk

Владата на седница одржана на 29.12.2020 година, донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, а истата стапи на сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30.12.2020 година.

„ Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст. Арсовска пред една година стапи на највисоката позиција во раководството на „Ворлд Чемберс Федерејшн“ (World Chambers Federation), која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители на таа функција“ соопшти Сојузот на стопански комори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре