Утрински Весник
Бизнис

Гугл подготвен да плаќа даноци во држави каде прави промет

Гугл подготвен да плаќа даноци во држави каде прави промет

Сан Франциско, 28 јуни 2019 (/) – Гугл изрази подготвеност за меѓународен договор со кој ќе се предвиди мултинационални компании да плаќаат повеќе даноци во држави каде прават профит, а не во државата каде се регистрирани.

– Поддржуваме движење кон нови меѓународни и глобални механизми за начинот на кој се воведува данок за мултинационални компании, напиша на блог Каран Батија, висок претставник од американскиот технолошки гигант.

Според него, корпоративниот данок е важно средство за тоа компаниите да дадат свој придонес кон држави и заедници каде се прави бизнис.

– Сакаме да бидеме фискална средина каде луѓето ќе ја сметаат за разумна и соодветна, додава тој.

Батија изрази сомневање дека ако нема меѓународен договор некои држави може да воведат дискриминациски даноци за странски компании во различни сектори. паг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи