Утрински Весник
Македонија

Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа

Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Поранешниот премиер Никола Груевски, кому Собранието му ја прифати поднесената оставка пред две недели, и пратеникот Павле Богоевски кој исто така поднесе оставка на функцијата до Собранието не поднеле барање за апанажа, информира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите.

Груевски, кој е осуден со правосилна пресуда за набавка на мерцедесот, побара политички азил во Унгарија. Оставката ја поднесе од Унгарија кога во Собранието беше поднесено барање за одземање на неговиот мандат.

Пратеникот Богоевски, пак, поднесе оставка по објавената аудио снимка, за набавка на нелегална супстанца, за која тој рече дека станува збор за масло од канабис.

Поранешните пратеници Груевски и Богоевски имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот. сст/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот