Утрински Весник
Македонија

Граѓаните се вкучуваат во креирање на Националната развојна стратегија од својот мобилен телефон или лаптоп

Дали би сакале да постои веб платформа која вашите визии за иднината на државата во која живеете ќе може да ги претвори во реалност? Што е она што прво би го предложиле? Како ја замислувате иднината за 20 години отсега?

Да, ваква веб платформа постои и таа е една од главните алатки кои ќе овозможат сите граѓани да имаат можност да се вклучат во креирањето на Националната развојна стратегија (НРС) како клучен документ во кој ќе се исцрта патот за развојот на нашата држава во наредните 20 години. Дигиталната платформа nrs.mk нуди можност да ја замислите иднината и да ги споделите своите идеи, визии, предлози и решенија, а дел од граѓаните веќе го сторија тоа.

„Мојата визија е дека за 20 години ќе живееме во почиста земја и ќе дишеме почист воздух. Затоа сметам дека треба да се работи на модели за построго казнување на загадувачите.“

„Замислувам образование во кое им се дозволува на децата да мислат со своја глава, да наоѓаат решенија за проблеми, а не да меморираат и рецитираат факти. И замислувам средно образование со многу пракса и специјализирани профили според потребите на пазарот на труд, а не армија гимназијалци кои ништо не знаат да работат, па од немајкаде се запишуваат на факултет.“

Што нуди веб платформата?

По примерот на развиените европски држави, кои успешно креираат различни стратегии, а при тоа главниот збор го имаат граѓаните, процесот на создавање на Националната развојна стратегија ќе биде отворен за сите. Интернет платформата nrs.mk е поделена на четири главни секции – човечки капитал, животна средина и енергетика, раст, инфраструктура и инвестиции, а секоја од нив се состои од повеќе поттеми. Платформата овозможува да се вклучите во делот во кој сакате да ја споделите својата идеја и да придонесете во креирањето посветла иднина за сегашните и идните генерации.

Интерактивна и инклузивна, дигиталната платформа нуди нови информации, прашалници и анкети од различни области, како и простор за дебата и коментари. Таа е место за конструктивен дијалог преку интерактивни алатки, анонимно учество во процесот преку анкети и простор за коментари, клучни информации и занимливи факти кои ќе ве поттикнат на размислување.

Како да се вклучите?

Посетете ја nrs.mk и изберете еден од трите понудени јазици (македонски, албански и англиски). Кликнете на тематската областа за која сакате да оставите мислење, а потоа имате опција да одберете и поттема. Прочитајте го воведот за избраната област, пополнете го прашалникот, оставете коментар за тоа како ја замислувате иднината и на тој начин станете дел од градењето на патот кон подобро утре.

Зошто е важна Националната развојна стратегија?

Националната развојна стратегија (НРС) ќе биде сеопфатен документ за економскиот, социјалниот, еколошкиот и културниот развој на нашата држава во наредните две декади. Идејата на НРС е да обезбеди позитивна средина за национален консензус во земјата, долгорочни развојни приоритети, како и олеснување на политичкиот дијалог за стратешките цели кои треба да ги решат клучните предизвици со кои се соочува Северна Македонија.

Националната развојна стратегија ќе се креира преку широк инклузивен процес во кој ќе бидат консултирани сите засегнати страни во државата, вклучувајќи ги директно и граѓаните, со цел конечниот документ за визијата и иднината на Република Северна Македонија да биде консензуален и надпартиски, како и генерациски, меѓуетнички, родово и социјално сеопфатен.

Токму затоа вашето мислење е важно. Веќе имате идеја? Посетете ја nrs.mk и учествувајте во создавањето на Националната развојна стратегија за следните 20 години со свои предлози, идеи и ставови! Создаваме иднина заедно!

ПР

Можете да прочитате

Приведени крадци во Битола – 24info.mk

Анкета: Една четвртина од младите се загрижувачки пречесто на социјалните медиуми и не се слуша нивниот „политички глас“

Филипче во видео објаснува зошто се враќа во политиката