Утрински Весник
Македонија

Граѓаните и граѓанските организации бараат унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од Ромската заедницата“

Граѓаните и граѓанските организации бараат унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од Ромската заедницата“

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Од Министерството за здравство и од останатите надлежни институции е побарано: вработување на најмалку две патронажни сестри кои ќе работат во Општината Шуто Оризари, вработување на доктор во одделот за превентивна здравствена заштита на деца на предучилишна возраст во Шуто Оризари, обезбедување на континуирана здравствена заштита во село Црник, доследно спроведување на мерките за теренско откривање на деца вон образовниот систем и нивно упатување на систематски прегледи и вакцинација, предвидено во Програмата за систематски прегледи на Министерството за здравство, доследно спроведување на здравствените едукации во ромски средини предвидени во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, елиминирање на незаконската пракса за наплаќање на здравствените услуги кај матичните гинеколози, во Програмата за скрининг на рак на грло на матка да бидат предвидени мерки за едукација и зголемен опфат на жените Ромки со оваа Програма, се дел од барањата од граѓаните и граѓанските организации Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, НВО КХАМ и Иницијативaта за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ презентирани на денешната прес-конференција на тема „Како до унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од Ромската заедницата? “.

– Ромите во  нашата држава се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Имено, смртноста на новороденчињара помеѓу Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од Македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50 отсто од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23 отсто кај останатото население. Превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможување здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население.  Преку работата на здруженијата на полето на имунизација на децата Роми во општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, опфатот на децата Роми со вакцинација значително се зголеми од 2012 до денес и во моментот опфатот е над 90 отсто, се вели во соопштението од Здружението ЕСЕ.

Од таму информираат дека клучни детектирани проблеми се следните: недоволен опфат со посети од патронажни сестри, недоволен опфат со здравствена едукација, недоволен опфат со систематски прегледи за децата вон образовниот систем, недоволен опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози.

По однос на состојбите во општинитеДелчево, Пехчево (с. Црник) и Виница,констатирале дека не се спроведуваат едукации за родители Роми за детско здравје и вакцинација, ниту им се дели здравствено едукативен материјал на родителите.

– Околу 20 деца Роми во Виница не одат на училиште и не се опфатени со систематски прегледи. Во село Црник нема постојано доктор, поради што Ромите се изложени на дополнителни трошоци за посета на лекар. Матичен гинеколог немаат избрано 22 отсто од жените од с. Црник и 20 отсто од Виница, се наведува во соопштението.

 Во Општина Шуто Оризари, се вели во соопштението од Здружението ЕСЕ, работат само две патронажни сестри, што не е доволно за соодветно спроведување на посетите за време на бременоста и по породувањето.

– Над 450 деца не посетуваат редовно образование, а само 40 од нив се опфатени со систематски прегледи. Во Шуто Оризари покани за ПАП-тест според Програмата за скрининг, не добиле 96 отсто од жените Ромки, додека на 81 отсто од жените матичните гинеколози им наплаќаат за здравствени услуги кои се бесплатни. Исто така на 64% од жените Ромки од Делчево, Виница и Пехчево матичните гинеколози им ги наплаќаат здравствените услуги. За прегледите кои се бесплатни согласно регулативата, матичните гинеколози им  наплаќаат на 90 отсто на жените од Виница, како и на 50 отсто од Делчево. Додека 86 отсто од жените од овие три општини немаат добиено покани за ПАП тест според Програмата за скрининг од 2012 до 2017 година, се наведува во соопштението. фф/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра