Утрински Весник
Македонија

Гранки од дрвја го попречуваат сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

Гранки од дрвја го попречуваат сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

Делчево, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Гранки од дрвја го попречуваат сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, како резултат на невремето кое денеска околу 14 часот повторно го зафати делчевскиот регион. Како што јавуваат возачи, паднатите гранки се наоѓаат на мостот во близина на село Луковица.
-Гранки од дрвја се испречуваат на самиот пат, точно над мостот во близина на село Луковица, што е дополнителен проблем за одбегнување, доколку минува автомобил и од спротивна насока. Ги предупредуваме сите возачи на овој дел од државата да бидат внимателни, додека проблемот не биде саниран од надлежните служби, велат возачи, кои сообраќале во близина на споменатото место.
ЈП Македонија пат која е задолжена за одржување на оваа делница веќе испратила свои екипи на терен и од таму уверуваат дека гранките ќе бидат отстранети за кратко време.
Од претпријатието апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поради новите ситни одрони создадени од дождот, препорачуваат внимателно возење на споменатата делница. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро