Утрински Весник
Македонија

Град Скопје ги избра најеколошките компании, уредени дворови и состави и цртежи на тема екологија

Град Скопје ги избра најеколошките компании, уредени дворови и состави и цртежи на тема екологија

Скопје, 23 јуни 2019 (/) – Градот Скопје ги објави победниците на конкурсот за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.

За најеколошка компанија, информираат од Град Скопје, со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина е избрана „Про кредит банка“, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.

Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е „НУЛА ОТПАД ДОО“ Скопје.

За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување добитник на наградата е Зоран Митиќ, за двор во општината Аеродром, а за двор на институција победник е ООУ „Свети Климент Охридски“, од село Драчево, општина Кисела Вода. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.

Наградата за најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта отиде во рацете на Татјана Јовановска VIII 1 одделение, ООУ „Петар Поп Арсов“. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта најубав беше составот на Христина Иванова IV-2, СУГС „Никола Карев“. Двете ученички добиваат награди од по 10.000 денари.

Во категоријата за избор на најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта добитник на наградата е Харис Мусли, VIII 2, ОУ „Петар Здравковски Пенко“, а за ученици од средните училишта наградата отиде кај Мартина Арсеска, IV-1,  СУГС „Никола Карев“. Наградените ученици во оваа категорија добиваат награда од по 10.000 денари.

Во категоријата за најубаво уреден двор за колективно домување не е доделена награда, бидејќи на конкурсот не пристигнале пријави.

Конкурсот Градот Скопје традиционално го распишува во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“, а целта е да се подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина. Годинешниот повик беше објавен на 22.03.2019 година и траеше до 15.05.2019 година. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра