Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со бугарскиот амбасадор

Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со бугарскиот амбасадор

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на денешната средба разговарале за продлабочување и развивање на добрата соработка меѓу општина Кисела Вода и бугарската амбасада, информираат од Општината.

На средбата на која присуствувале претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, Темелковски го запознал амбасадорот Ангелов со можностите што локалната самоуправа ги нуди, како за инвестирање така и за развивање на спортски туризам во месноста „Три круши“. Темелковски информирал и за реализацијата на планираните проекти.

Како што соопштуваат од Општината, Темелковски во разговорот со амабасадорот ја нагласил и одличната соработка на Кисела Вода со Општина Изгрев од Република Бугарија. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран