Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Димитриевски на конференција во Лондон на EBRD Green Cities

Градоначалникот Димитриевски на конференција во Лондон на EBRD Green Cities

Куманово, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Градоначалникот Максим Димитриевски учествуваше на конференција во Лондон на EBRD Green Cities, градење на подобра и поодржлива иднина на градовите, настан што е дел од неделата на климатските активности во Лондон.

Во рамки на конференцијата, соопштија денеска од одделението за односи со јавност од општина Куманово, Димитриевски остварил средба со директорот за инфраструктура за Европа, Сусан Гоеранссон.

– На средбата се разговараше за можноста за приклучување на општина Куманово во друштвото на зелените и енергетско ефикасни градови во светот, како и за можност за реализација на енергетско ефикасни проекти во реконструкција на постоечката јавна инфраструктура (училишта и детски градинки) во општината и финансиска поддршка од банката, се наведува во соопштението.

На настанот биле истакнати најновите трендови во финансирањето на зелените градови, oд иновативни технологии до инвестиции во одржлива инфраструктура. Учесниците имале можност да ги споделат своите искуства во дизајнирањето и инвестирањето во одржливи градови, како и да дадат свои предлози за справување со урбаните предизвици за обезбедување на подобра и поодржлива иднина за градовите и нивните жители. ам/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава