Утрински Весник
Македонија

Градинката и основното училиште „Даме Груев” во Градско добија сензорна градина

Градинката и основното училиште „Даме Груев” во Градско добија сензорна градина

Градско, 26 јуни 2019 (/) – Во дворот на градинката и основното училиште „Даме Груев“ во Градско денеска беше отворена сензорна градина, прва од ваков вид во основно училиште во нашата држава.

Oваа градина е наменета за зголемување на сетилните вештини и психомоториката кај децата од предучилишна возраст па сé до периодот на адолесценција. Сензорната градина претставува еден вид училница на отворено која што овозможува стимулација од широк спектар на сите сетила и е особено корисна за децата со посебни потреби.

Акцијата беше иницирана и реализирана од студентки на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Економскиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, жителки на општина Градско, во соработка со тимот на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација (ЦСИД) од Скопје. Средувањето на теренот за изградба на сензорната градина го помогна и Општина Градско, а во иницијативата со свој придонес се вклучи и основното училиште.

Градоначалникот на Општина Градско, Роберт Башовски изјави дека со голем предизвик општината ја поддржа иницијативата и со сите сили, финансиски и логистички, заедно со директорката на училиштето „Даме Груев“, Ленче Стојанова, помогнаа да се реализира сензорната градина и изрази задоволство што токму во Општина Градско е отворена ваков тип на училница од отворен тип која е меѓу првите во нашата држава.

Акцијата „Активни граѓани за добро владеење“ на Форум ЦСИД од Скопје е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. дма/сд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија